Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Обилните снежни врнежи во текот на ноќта предизвикаа прекини во воздушниот и патниот сообраќај во Велика Британија, каде продолжува студениот почеток на новата година, јави ДПА.
На Англија и на Велс им се издадени две жолти временски предупредувања од Метеоролошката канцеларија, при што се очекува во поголемиот дел од тие региони да има снежна покривка од три до седум сантиметри, која на моменти се меша со дожд на пониските места.
Второто жолто предупредување за опасност поради снежните врнежи, кое се однесува на поголемиот дел од северна Англија, вклучувајќи ги Лидс, Шефилд и Лејк Дистрикт, е во сила до денеска на полноќ.
Британската метеоролошка служба соопшти дека некои региони во провинцијата на висина над 300 метри би можеле да бидат отсечени од светот со 40 сантиметри снег пред условите да се подобрат подоцна вечер. Telma
Обилните снежни врнежи во текот на ноќта предизвикаа прекини во воздушниот и патниот сообраќај во Велика Британија, каде продолжува студениот почеток на новата година, јави ДПА. Libertas
Предупредувањето за снег и замрзнат дожд, кој ќе покрие голем дел од Велс и средна Англија до градот Манчестер, е во сила до денеска напладне.
Според метеоролозите, на повисоките делови на Велс и јужниот дел на Пенините може да има меѓу 15 и 30 сантиметри снег, но поблагиот воздух ќе доведе до брзо топење на снегот на југ до крајот на денот. Novamakedonija
Аеродромот во Бристол повторно беше отворен околу 23 часот по претходното затворање, но предупреди на одложувања во неделата наутро.
Сите засегнати аеродроми и меѓународниот аеродром во Белфаст ги повикаа патниците да проверат кај нивната авиокомпанија. Nezavisen
Аеродромот во градот Бирмингем синоќа ја прекина работата на неколку часа „од безбедносни причини и за расчистување на снегот“, но утрото беше пријавено дека работи.
Аеродромот во Бристол, кој беше затворен вчера, повторно беше отворен синоќа околу 23 часот, но има предупредувања за доцнење на летовите утринава. Telma
На Англија и на Велс им се издадени две жолти временски предупредувања од Метеоролошката канцеларија, при што се очекува во поголемиот дел од тие региони да има снежна покривка од три до седум сантиметри, која на моменти се меша со дожд на пониските места. Novamakedonija