Потврдата на резултатите од изборите беше спроведено во кратка официјална церемонија, без многу тревога и дебати на заедничка седница на Претставничкиот дом и Сенатот.
Претходната сертификација на победата на изборите во 2000 година на демократот Џо Бајден беше пропратена со протести и упадот на 6 јануари 2021 година на толпа подржувачи на републиканецот Трамп во Капитолот на САД, како резултат на што загинаа пет лица, меѓу нив и еден полицец, а беа ранети уште стотина. Libertas
Конгресот на САД денеска во Вашингтон ќе се состане за официјално да го потврди резултатот од претседателските избори, што е последниот чекор во процедурата пред Доналд Трамп да ја преземе функцијата подоцна овој месец.
Пред четири години, поддржувачите на Трамп насилно упаднаа во Капитол, обидувајќи се да спречат потврда на победата на демократот Џо Бајден на изборите во 2020 година. Novamakedonija
Демократката Камала Харис, која изгуби на изборите од Трамп, ќе го објави конечниот резултат на крајот од нејзиниот мандат како потпретседателка.
Како претседавач на Сенатот, Харис ќе ја води заедничката седница на двата дома на Конгресот. Libertas
Американскиот Конгрес ја потврди победата на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори во САД, четири години откако неговите приврзаници упаднаа во Капитол во обид да ја спречат потврдата на тогашниот новоизбран претседател Џо Бајден. Nezavisen