Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска го нападна милијардерот Илон Маск за мешање во европската политика, обвинувајќи го за поткопување на демократијата.
„Меѓународната екстремна десница, на која со години се спротивставуваме во Шпанија, а која во овој случај ја предводи најбогатиот човек во светот, отворено ги напаѓа нашите институции, поттикнува омраза и отворено ги поддржува наследниците на нацизмот во Германија“, Санчез зборуваше во Мадрид по повод 50-годишнината од смртта на диктаторот Франциско Франко.