Швајцарија објави подготвеност да организира разговори меѓу новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина.
Швајцарија е подготвена да биде домаќин на средба меѓу новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, што ќе биде посветен на решение на конфликтот во Украина, доколку тие тоа би го побарале, пишува денеска швајцарскиот весник „Темп“ (Le Temps). -По самитот во Биргеншток, Украина, Русија и САД беа редовно информирани за нашата подготвеност да ги поддржиме дипломатските напори за воспоставување мир, изјави шефот на прес-службата на швајцарското Министерство за надворешни работи, Никола Бидо, пренесе весникот.