Портпаролот на израелската Влада денеска изјави дека владата нема да се состане додека палестинското движење Хамас не ги прифати условите од договорот за прекин на огнот.
Палестинската милитантна група Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на десетици заложници, изјавија двајца неименувани претставници вклучени во преговорите во Доха.
Катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани рече дека посредниците очекуваат договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас да стапи на сила в недела, 19 јануари.
Џо Бајден, претседател на САД во заминување, во проштално обраќање синоќа од својот кабинет во Белата куќа предупреди дека во Америка се формира „опасна“ олигархија која е закана за демократијата и слободниот свет.