Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека Русија планира „терористички акции“ во воздух против Полска и други земји.
„Последните информации може да ја потврдат оправданоста на стравувањата дека Русија планира терористички акти во воздухот, не само против Полска“, рече Туск на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, пренесе Ројтерс.