Џо Бајден повика на уставна измена на претседателскиот имунитет во своето проштално обраќање како претседател на САД, очигледно напаѓајќи го својот наследник, Доналд Трамп, . – Мораме да го смениме Уставот за да стане јасно дека ниеден претседател не е имун на злосторствата, извршени додека бил на функција.
Палестинската милитантна група Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на десетици заложници, изјавија двајца неименувани претставници вклучени во преговорите во Доха.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одвоено разговараше со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и со претседателот Џо Бајден за да им се заблагодари за нивната помош во обезбедувањето прекин на огнот во Газа.
Израел и Хамас синоќа се договорија за прекин на огнот за ставање крај на 15-месечната војна, а првите заложници се очекува да бидат ослободени в недела.