Шпанската влада најави дека планира да воведе данок до 100% на имотот купен од жители на земји кои не се членки на ЕУ, како што се Велика Британија и САД.
Шпанскиот премиер Педро Санчез предложи низа мерки за борба против станбената криза во земјата, вклучително и данок од 100 отсто за купување домови од странци кои не се резидентни на ЕУ. Санчез рече дека мерката ќе наметне даночна стапка од 100 отсто на вредноста на имотот за граѓаните кои доаѓаат од земји што не се членки на ЕУ, а не живеат во Шпанија кога купуваат куќа во Шпанија, со цел да се „приоритизира“ домувањето за жителите и борба против „шпекулативното туристичко користење на имотите“.