Портпаролот на израелската Влада денеска изјави дека владата нема да се состане додека палестинското движење Хамас не ги прифати условите од договорот за прекин на огнот.
Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците, објави „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на еден неименуван американски и на еден арапски претставник.
Израел и Хамас синоќа постигнаа начелен договор за размена на заложници и во моментов работат во Доха на финализирање на деталите од договорот, изјавија двајца арапски претставници за „Тајмс оф Израел“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одвоено разговараше со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и со претседателот Џо Бајден за да им се заблагодари за нивната помош во обезбедувањето прекин на огнот во Газа.