Во ноќта од средата кон четвртокот тешко настрадаа кошаркарите на Бруклин Нетс кои беа поразени од Лос Анџелес Клиперс со дури 59 разлика, 126:67. По првата четвртина ништо не навестуваше ваков конечен исход, бидејќи резултатот по 12 минути игра беше 21:21. Тогаш Бруклин почна да пропаѓа, останувајќи на само 16 поени или помалку во секоја четвртина до крајот.
Лос Анџелес клиперс ја запишаа најубедливата победа во својата историја откако го декласираа Бруклин со 59 поени разлика или 126-67. Најголемото водство во текот на натпреварот на Клиперс беше 64 поени.