Договорот помеѓу Изарел и Хамас за прекин на огнот во Газа и ослободување заложници и палестински затвореници се уште не е потпишан и запечатан. денеска требаше да биде одобрен од израелскиот воен кабинет и владата но премиерот Нетањаху ги одложи состаноците, обвинувајќи го Хамас дека бара отстапки во последен момент во врска со одредени аспекти од договорот.
Портпаролот на израелската Влада денеска изјави дека владата нема да се состане додека палестинското движење Хамас не ги прифати условите од договорот за прекин на огнот.
По 15 месеци, наместо гранати и бомби, низ Газа песна и радост…. Стотици лица излегоа на улиците на Деир-ал-Балах во Појасот Газа, доцна синоќа откако повеќе официјални лица објавија дека Израел и Хамас се согласиле на договор за прекин на огнот.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го обвини палестинскиот Хамас дека „создава криза во последен момент“ и со тоа го одложи израелското одобрување на долгоочекуваниот договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободувањето на десетици заложници.