Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изрази загриженост поради интервенциите на милијардерот и сопственик на Икс, Тесла и Спејс Икс, Илон Маск, во изборната кампања во Германија, пренесува ДПА.
Она што навистина треба да не загрижи е тоа што човек како Илон Маск, кој има голема медиумска моќ, ги поддржува екстремно десничарските партии во Европа, на пример во Обединетото Кралство, во Германија и во многу други земји – рече Шолц за време на една изборен митинг во Швалбах ам Таунус, во близина на Франкфурт.