Веднаш откако официјално стапи на функцијата, новиот американски претседател Доналд Трамп помилува околу 1 500 свои приврзаници, обвинети или осудени за упадот во Капитол на 6 јануари 2021 година.
Американскиот претседател Џо Бајден ги помилува д-р Ентони Фаучи, пензионираниот генерал Марк Мили и членовите на Претставничкиот дом кои го истражуваа нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, користејќи специјални овластувања во последните часови од неговиот мандат, со цел да се спречат потенцијалните правни последици за тројцата по враќањето на Трамп на власт.
Американскиот претседател Доналд Трамп во својот говор го критикуваше потегот на сега поранешниот претседател Џо Бајден, непосредно пред да ја напушти Белата куќа, превентивно да помилува неколку политички фигури и членови на неговото семејство.
Претседателот на САД, Доналд Трамп на првиот ден од неговиот нов мандат потпиша повеќе извршни наредби – од климата до имиграцијата, заедно со голем број помилувања за оние кои упаднаа во Капитол на 6 јануари 2021 година.