Хамас ги врати во Израел трите израелски заложнички, но не ги испрати со празни раце, односно тие си понеле и подароци, . За потсетување, по постигнувањето на договорот за примирје, Хамас беше обврзан да испрати список со заложничките кои ќе бидат вратени, а потоа да ги ослободи.
Членовите на Хамас денеска објавија дека „од технички причини“ групата сè уште не му доставила на Израел список на заложници што треба да бидат ослободени, што мора да го направи според договорот за прекин на огнот за примирјето да започне.
Илјадници Палестинци раселени поради војната денеска се вратија во своите домови во Појасот Газа, откако стапи на сила примирјето меѓу Израел и Хамас, пренесе Бета.
Висок функционер на Хамас денеска изјави дека палестинската исламистичка организација му испратила на Израел список на заложници кои денеска ќе бидат ослободени, пренесоа палестинските медиуми.