Претседателот на САД, Доналд Трамп на првиот ден од неговиот нов мандат потпиша повеќе извршни наредби – од климата до имиграцијата, заедно со голем број помилувања за оние кои упаднаа во Капитол на 6 јануари 2021 година.
Веднаш откако официјално стапи на функцијата, новиот американски претседател Доналд Трамп помилува околу 1 500 свои приврзаници, обвинети или осудени за упадот во Капитол на 6 јануари 2021 година.
„Златното доба на Америка започнува токму сега“, изјави Трамп во своето получасовно инаугуративно обраќање.
Претседателот Џо Бајден, кој денеска е на само неколку часа пред кја на мандатот како претседател на САД, ги помилува д-р Ентони Фаучи, пензионираниот генерал Марк Мили и членовите на комитетот кои го истражуваа нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.