Рускиот претседател Владимир Путин изрази отвореност за обнова на односите со новата американска администрација, само неколку часа пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, објави Си-Ен-Ен. На телевизискиот состанок на Советот за безбедност на Русија денеска, Путин рече дека ги поздравува изјавите на Трамп и неговиот тим кои „изразуваат желба за обновување директен контакт со Русија“ и „потребата да се направи се за да се спречи трета светска војна“, нагласувајќи ја подготвеноста на Москва да се вклучи во дијалог.