Според договорот, кој стапи на сила на 27 ноември, оружјето и борците на Хезболах мора да се повлечат од областа јужно од реката Литани, а израелските трупи треба да се повлечат додека либанската армија се распоредува во регионот, сето тоа во рок од 60 дена што треба да заврши во понеделник во 4 часот наутро (2 часот по Гринич). Во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху се вели дека процесот на повлекување на израелската војска „зависи од распоредувањето на либанската армија во јужен Либан и целосното и ефективно спроведување на договорот“. Biznisvesti