Украинскиот претседател Володимир Зеленски се надева дека Европа и САД ќе учествуваат во евентуалните преговори за прекин на војната со Русија, пренесуваат светските агенции, повикувајќи се на неговите претходно дадени изјави за новинарите.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „не е ангел“ и предложи дека и Зеленски, заедно со рускиот претседател Владимир Путин ја дели вината за почетокот на руско-украинската војна, . Во своето прво интервју по враќањето во Белата куќа, Трамп го критикуваше Зеленски, велејќи дека Зеленски „не требаше да дозволи оваа војна да се случи“.