Палестинците од Појасот Газа, раселени поради конфликтот меѓу Израел и радикалната палестинска група Хамас, утрово почнаа да се враќаат во своите домови во северниот дел на крајбрежната територија по „пробивот во преговорите со Израел“, информира Министерството за внатрешни работи на Хамас. A1on
Оваа информација е во согласност со тоа што претходно го објави Израел, дека Арбел Јехуд, војникот Агам Бергер и уште една заложничка ќе бидат ослободени в четврток, заедно со уште три лица кои ќе бидат ослободени в сабота.
Хамас, исто така, објави дека на раселените жители на северот на Газа ќе им биде дозволено од утринава да се враќаат во своите домови. 360stepeni
“Тајмс оф Израел“ потсетува дека израелските одбранбени сили (ИДФ) изјавија дека враќањето ќе започне во 7:00 часот по локално време.
Во меѓувреме, палестинските медиуми објавија дека ИДФ почнала да се повлекува од северниот дел на коридорот „Некарим“, во центарот на Газа. Libertas
Движењето на раселените Палестинци почна на патот Ал Рашид низ западниот дел на коридорот Незарим кон градот Газа и северниот дел на Појасот, се вели во соопштението на администрацијата на Хамас.
Војната во Појасот Газа почна по терористичкиот напад на Хамас на израелска територија на 7 октомври 2023 година. Kanal5