Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Мексико минатата недела прифати депортирани мигранти од немексиканско потекло, изјави денеска мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум, спротивно на претходната најава дека ќе се спротивстави на тоа.
Шејнбаум објави дека Мексико примило повеќе од четири илјади депортирани и дека „огромното мнозинство“ од нив се Мексиканци.
Сепак, од враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, нема „значително“ зголемување на депортациите од САД во Мексико, рече Шејнбаум.
Претседателката претходно изјави дека нејзината левичарска влада се противи на враќањето на програмата „Remain in Mexico” (Остани во Мексико) на администрацијата на Трамп, според која мигрантите од немексиканско потекло ќе бидат вратени во Мексико додека чекаат да започне процесот на разгледување на нивната апликација за влез во САД. Netpress
Мексико му забрани на американски воен авион да пристапи до копното и привремено ги спречи плановите на администрацијата на Вашингтон да депортира илегални мигранти во земјата, објави NBC News, повикувајќи се на изјави на двајца неименувани американски воени претставници. Mk
Два авиони на американските воздухопловни сили Ц-17, од кои секој превезуваше 80 депортирани мигранти, заминаа во четвртокот вечерта за Гватемала, додека третиот авион кој летал за Мексико никогаш не полетал, велат изворите.
Официјален претставник на Белата куќа рече дека „прашањето со летовите е административно прашање и брзо е решено“. Nezavisen
Соединетите Американски Држави нема да воведат санкции и царини за Колумбија откако земјата се согласи да ги прифати депортираните мигранти од САД, објави Канцеларијата за односи со јавноста на Белата куќа.
Владата на Колумбија се согласи со условите на американскиот претседател Доналд Трамп за депортација на мигранти, соопшти Белата куќа.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе побара воведување царини, визни ограничувања и други мерки кон Колумбија, откако Богота не дозволи слетување на два лета со илегални мигранти депортирани од САД.
Привлечноста на најголемиот остров на Земјата е непобитна.
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави претседателот Доналд Трамп во коментар за новинарите во претседателскиот авион за време на патувањето од Лас Вегас за Флорида, јави ДПА.
Караван од повеќе од 1.000 мигранти од Латинска Америка тргна од јужно Мексико кон северот и кон границата со САД ноќта меѓу саботата и неделата, и покрај војната против илегалната имиграција што ја прогласи американскиот претседател, Доналд Трамп.
Караван од повеќе од 1.000 мигранти од Латинска Америка тргна од јужно Мексико кон северот и границата со САД ноќта меѓу саботата и неделата, и покрај војната против илегалната имиграција што ја прогласи американскиот претседател Доналд Трамп.
Првата недела на функцијата на Доналд Трамп покажува дека се вратил со план – и знае како да избегне дел од хаосот од неговиот прв мандат.
Цените на нафтата паднаа под 78 долари на меѓународните пазари во понеделникот, што ја одразува загриженоста на трговците поради знаците за забавување на кинеската индустрија, но и олеснување по тензиите меѓу САД и Колумбија кои се заканија со прекини во снабдувањето.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се надева дека Европа и САД ќе учествуваат во евентуалните преговори за прекин на војната со Русија, пренесуваат светските агенции, повикувајќи се на неговите претходно дадени изјави за новинарите.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сака да „манипулира“ со претседателот на САД, Доналд Трамп, кога зборува дека за војната во Украина сака да преговара со САД.