Над 300.000 раселени Палестинци се вратија на северот на Појасот Газа, откако израелската армија го одобри нивното враќање, соопшти канцеларијата за медиуми во Газа, пренесе Ал Џезира.
Палестинците од Појасот Газа, раселени поради конфликтот меѓу Израел и радикалната палестинска група Хамас, утрово почнаа да се враќаат во своите домови во северниот дел на крајбрежната територија по „пробивот во преговорите со Израел“, информира Министерството за внатрешни работи на Хамас.
Палестинската милитантна организација Хамас потврди дека оваа недела ќе ослободи вкупно шест израелски заложници, јави утринава „Тајмс оф Израел“.
По 477 денови поминато во заробеништво, Израелката со македонско потекло, Наама Леви беше ослободена од Хамас и се врати во Израел.