Американскиот претседател Доналд Трамп им изјави на новинарите дека Мајкрософт е во преговори за преземање на кинескиот TikTok и дека би сакал да започне со наддавање за апликацијата. Mk
Трамп, по преземањето на функцијата на 20 јануари, потпиша извршна наредба со која се обезбеди 75-дневно одложување на спроведувањето на законот.
Американскиот претседател минатата недела изјави дека разговара со неколку луѓе за купување на ТикТок и дека најверојатно за 30 дена ќе донесе одлука за иднината на оваа популарна апликација. Netpress
Во меѓувреме, во неделата, раководството на пребарувачот со вештачка интелигенција – стартапот Perplexity AI – предложи спојување со ТикТок, при што американската Влада во иднина ќе стане сопственик на половина од новата компанија, изјави извор од компанијата за британските медиуми.
Информациите за разговори сугерираат дека Мајкрософт повторно ја разгледува можноста за преземање на ТикТок. Mk