Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, денеска изјави дека е укинат меморандумот на Канцеларијата за менаџмент и буџет на САД (OMБ) со која беа замрзнати исплатите на федералните финансиски инструменти (заеми, сите видови на помош, грантови и дотации), но дека самото замрзнување на парите останува во сила. Telma
Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа го укина меморандумот што ги замрзна федералните грантови и заеми. 360stepeni
Ројтерс претходно објави дека администрацијата на Трамп се повлекла од предложената пауза за федералната помош која се закануваше да го прекине финансирањето на стотици милијарди долари во владините програми.
Одлуката на Трамп предизвика хаос во владата во вторникот и се чини дека ги наруши плаќањата за здравствена заштита и услуги за грижа за деца. 360stepeni