Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
9
7.98
14.43
2.22/0.45
9.00
2.63
0.29
772.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 9
12 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 12.0
Best clustering variants
12 0.99/0.01 2 12.0
19:59 h 31-Jan-2025
  • Германскиот парламент денеска не го усвои предлогот на опозицијата за заострување на имиграциската политика.
  • ◉ Ќе нема заострување на мигрантската политика во Германија- Бундестагот го одби законот на Мерц
17:42 h 29-Jan-2025
  • Водечкиот (ткн шпицен) кандидат за канцелар на германските парламентарни избори следниот месец, демохристијанинот Фридрих Мерц, го оспори табуто за соработка со крајната десница, откако во средата предложи планови за ограничување на миграцијата што може да ги усвои партијата Алтернатива за Германија (AfD). Мерц, лидер на германскиот конзервативен блок Христијанско-демократската унија (CDU) и бавараската Христијанск-социјална унија (CSU), кој води во анкетите пред парламентарните избори на 23 февруари, има намера да го преземе водството во миграциската политика, која се врати во центарот на вниманието откако минатата седмица беше уапсен барател на азил од Авганистан поради смртоносни напади со нож.
  • Германија: Мерц ја доведува во прашање забраната за соработка со крајната десница
07:36 h
  • Германските пратеници денеска треба да гласаат за двата предлога поднесени од опозицискиот блок од десниот центар за значително заострување на миграциската политика во земјата, помалку од четири недели пред Германците да излезат на гласање на националните избори, јави ДПА.
  • Германските пратеници ќе гласаат за контроверзните планови за сузбивање на миграцијата
Netpress

Заменик-претседателката на AfD, Алис Вајдел, по гласањето во Бундестагот рече дека тоа е „демонтирање на Унијата на CDU/CSU“ и ја доведе во прашање способноста на Фридрих Мерц да ја извршува функцијата канцелар затоа што „нема ни своја пратеничка група под контрола“ Одлуката на Фридрих Мерц да го протурка гласањето за законот предизвика бура од контроверзии во германската политика, бидејќи се чинеше веројатно дека Мерц ќе мора да се потпре на поддршката на крјано десничарската суверенистичка и протвдоселеничка Алтернатива за Германија (AfD) за усвојување на законот.

Претставниците на Социјалдемократската партија на Германија (SPD) и на Зелените претходно се обидоа да го одложат денешното гласање со цел да се се исклучи и минимизира влијанието на гласовите на AfD во Бундестагот, што веројатно ќе биде и поголемо по февруарските општи избори. Netpress