Подготовка на атентат врз Путин, како и самата дискусија за тоа, е сериозна закана што може да предизвика почеток на нуклеарна војна, рече Володин и додаде дека сите мора да бидат свесни за сериозноста на борбата што Русија моментално ја води.
Подготовката на убиство на рускиот претседател Владимир Путин и самото разгледување на таквите обиди се сметаат за сериозна закана за глобалната безбедност, изјави денеска претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, на својот канал на Телеграм. Kanal5