Мнозинство од жителите на Гренланд се против отцепување од Данска и припојување со САД, според најнова анкета нарачана од данскиот весник „Берглинске“ и гренландскиот „Сермицук“.
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен ја почна турнејата низ европските метрополи за да собере поддршка, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го припои Гренланд со сила.
Договорот, кој има широка политичка поддршка, вклучува финансирање три нови поморски бродови на Арктикот, два дополнителни беспилотни летала со голем дострел и сателити за подобрување на надзорот.