Палестинските милитанти во Појасот Газа денеска ослободија уште тројца израелски заложници во замена за 110 палестински затвореници кои ќе бидат ослободени според договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.
Палестинската група Хамас денеска ја ослободи Агам Бергер, припадничка на израелските воени сили (ИДФ), според договорот за прекин на огнот со Израел, јави агенцијата Анадолија.
Во замена за утрешното враќање на тројца заложници цивили, Израел ќе ослободи 110 палестински затвореници, од кои 33 се на доживотна затворска казна за смртоносни напади, пренесе „Тајмс оф Израел“.
Извори на Хамас денеска потврдија дека Израел го блокира влезот на помош во Појасот Газа, предупредувајќи дека тоа може да влијае на ослободувањето на заложниците предвидено со договорот за прекин на огнот.