Вработените во американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) денеска им било наредено да не влегуваат во седиштето на агенцијата во Вашингтон.
Администрацијата на претседателот Трамп презема чекори за да ја стави американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) под контрола на Стејт департментот, што би претставувало значајна реформа на начинот на кој Вашингтон ја доделува странската помош, пишуваат британските медиуми, повикувајќи се на два упатени извори.
Американскиот милијардер Илон Маск, кој од неодамна е дел од тимот за ефикасност на Владата на САД, на социјалната мрежа „Х“ објави твит во кој наведува дека УСАИД е криминална организација и дека е време таа да умре.
Вработените во американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) добија инструкции да останат надвор од седиштето на агенцијата во Вашингтон денес, според известувањето што им било дистрибуирано, откако милијардерот Илон Маск објави дека претседателот Доналд Трамп се договорил со него да ја затвори агенцијата.