Израелската војска соопшти дека осум заложници, меѓу кои тројца Израелци и пет државјани на Тајланд, биле ослободени во четвртокот додека Израел и Хамас ја извршиле третата размена на заложници и затвореници според договорот за прекин на огнот.
Хамас денеска предаде тројца израелски и пет тајландски заложници, но Израел го одложи ослободувањето на палестинските затвореници по хаотичните сцени на едно од местата за примопредавање каде што толпа луѓе беа собрани околу заробениците.
Палестинската група Хамас денеска ја ослободи Агам Бергер, припадничка на израелските воени сили (ИДФ), според договорот за прекин на огнот со Израел, јави агенцијата Анадолија.