Министерството за трговија на Кина објави дека воведува царини за неколку производи од САД како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп.
Кина истовремено објави и други мерки поврзани со трговијата, вклучително и истрага против Гугл, пренесува АП. Според официјалното соопштение, Кина ќе применува царина од 15 отсто за јаглен и течен природен гас и 10 отсто за сурова нафта, земјоделски машини и автомобили со голем капацитет. A1on