Кога ЦДУ се потпираше на гласовите на АфД за да го протурка законот против имиграцијата низ Бундестагот минатата среда, се чинеше дека партијата на Мерц ги напушта децениските политички конвенции во Германија, што предизвика масовни протести низ целата земја, но Мерц инсистираше на тоа дека ЦДУ нема намера да соработува со партијата која, како што рече, сака да ја „уништи ЦДУ“.„ -АфД се залага за работи сосема спротивни од сè што ни е важно, имено НАТО, западните односи, Европската унија и еврото. Kanal5