Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која на трансродовите спортисти им се забранува да учествуваат во женски спортови.
Наредбата, насловена како „Исклучување на мажите од женскиот спорт“, им дава на федералните агенции, вклучително и Министерството за правда и Министерството за образование, широка слобода да обезбедат дека субјектите кои добиваат федерално финансирање се усогласуваат со Наслов IX во согласност со позицијата на администрацијата на Трамп, која го толкува „родот“ како пол што му е доделен на личност при раѓање, јавија американските медиуми.