Повеќе од 200.000 луѓе учествуваа во денешниот протест во Минхен против екстремната десница, соопшти германската полиција. Plusinfo
Две недели пред предвремените парламентарни избори, демонстрантите под мотото „Потребни и сте на демократијата“ се спротивставуваат на каква било соработка со ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АфД). Додека „Бабите против екстремната десница“, движење формирано во 2018 година, денеска повика на демонстрации во неколку германски градови, меѓу кои и Хановер, каде учествувале околу 24.000 луѓе.
Минатата недела во Берлин против ултрадесницата протестираа повеќе од 160.000 луѓе. Civilmedia