Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно ја критикуваше американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) тврдејќи дека од таа агенција се украдени милијарди долари, јавува Anadolu.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го става персоналот во Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) низ светот на „административно отсуство“, освен оние кои се сметаат за неопходни, јавија американските медиуми.
Американската агенција за меѓународен развој засега ќе задржи само 290 вработени на должност, додека илјадници други ќе останат на одмор поради акциите на администрацијата на Трамп да ја намали институцијата.
Поранешниот премиер Никола Груевски е еден од луѓето кои изминативе денови ја критикуваше Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД и го славеше нејзиното блокирање од страна на Доналд Трамп, сокривајќи ги фактите дека тој и неговата партија во минатото биле директни корисници на помош и поддршка од УСАИД.