Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека Израел ќе ѝ ја предаде Газа на САД по завршувањето на воените дејствија, нагласувајќи дека таму нема да има потреба од американски војници.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека нема ништо лошо во идејата на Доналд Трамп за иселување на Палестинците од Појасот Газа, откако предлогот на американскиот претседател предизвика меѓународна критика.
Претседателот Доналд Трамп сака САД да го преземат Појасот Газа и да го развијат економски.
Според американскиот државен секретар Марко Рубио претседателот на САД, Доналд Трамп предложил само привремено заминување на Палестинците од Газа, додека Појасот не биде расчистен и обновен, а не преземање на територијата од страна на Соединетите Американски Држави.