Кандидатот за канцелар на Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ), Фридрих Мерц изјави дека планира да му каже на американскиот претседател Доналд Трамп дека не одобрува тоа што блискиот соработник на Трамп, Илон Маск, се меша во предизборната кампања во Германија со јавно поддржување на крајнодесничарската Алтернатива за Германија (AфД). „Не одобрувам некој толку близок до Трамп да се обидува толку директно да се меша во германските избори“, рече Мерц за „Берлинер Моргенпост“.
Фридрих Мерц, фаворит за нов германски канцелар, изрази загриженост за насоката во која се движат САД во вториот мандат на Доналд Трамп, пишува Politico.