Царини базирани на реципроцитет, царинската војна што ја најави Американскиот претседател Доналд Трамп, останува високо на агендата на новата администрација.
Трамп најави дека воведува царини од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум во САД, покрај постојните давачки за метали. Kanal5
„Секој челик што доаѓа во Соединетите Држави ќе има царина од 25 проценти“, им рече Трамп на новинарите на бродот „Ер Форс 1“ додека патуваше во Њу Орлеанс за да присуствува на Суперболот - шампионат во американски фудбал кој се смета за најголемиот спортски настан во земјата.
Податоците од владата и индустријата покажуваат дека Канада, Бразил, Мексико и Јужна Кореја се најголемите извори на увоз на челик од САД. Slobodnaevropa
Соединетите Американски Држави ќе воведат нови царини од 25 отсто на целиот увоз на челик и алуминиум во понеделник, што ќе влијае на сите трговски партнери, вклучувајќи ги Канада и Мексико, објави претседателот Доналд Трамп. Fokus