Длабоко жалам поради одлуката на САД да воведат царини за европскиот извоз на челик и алуминиум, објави претпладнево на Икс претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Denesen
Претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта порача дека целосно ја поддржува Европската комисија во обезбедувањето цврст и соодветен одговор на „неоправданите царини“ за увозот на челик и алуминиум во САД, што со одлука на американскиот претседател Доналд Трамп треба да стапат во сила од утре.
Во продолжение на објавата Кошта ја пренесува и реакцијата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на одлуката на Трамп за воведување царини од 25 отсто на увозот на челик и алуминиум во САД. Kanal5