Тројца израелски заложници беа ослободени минатата сабота.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави во понеделникот дека најавата на Хамас за запирање на ослободувањето на заложниците претставува кршење на договорот за прекинот на огнот во Појасот Газа и дека ѝ наредил на војската да биде на највисоко ниво на приправност во палестинската енклава. Netpress
Портпаролот на Хамас Абу Обеида рече дека нема да бидат ослободени други заложници до понатамошно известување.
Досега имаше пет размени на заложници и затвореници во рамките на првата фаза од тековниот прекин на огнот. Plusinfo
Повеќе заложници требаше да бидат ослободени в сабота во замена за палестински затвореници, што е дел од договорот за прекин на огнот што стапи на сила на 19 јануари годинава.
Претставникот на Хамас рече дека дека Израел го одложи враќањето на раселените жители на Појасот Газа на север од енклавата и отворил оган врз нив, а исто така го попречил протокот на хуманитарна помош во Газа. 360stepeni