Претседателот Доналд Трамп во понеделникот го повика Израел да го откаже договорот за прекин на огнот со Хамас и „да го пушти сиот пекол“ доколку Хамас не ги врати заложниците кои сè уште се држат во Газа до сабота напладне, објави Си-ен-ен, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа изјави дека никој нема овластување да ги протера жителите на Појасот Газа од територијата зафатена од војна, отфрлајќи го планот на неговиот американски колега Доналд Трамп да ги протера Палестинците и САД да ја преземат контролата.
Хамас денеска соопшти дека на неодредено време го одложува ослободувањето на следната група израелски заложници кои се држат во Газа, тврдејќи дека Израел не ги почитувал условите од нивниот договор за прекин на огнот.
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска се закани дека ќе ги обнови нападите врз Појасот Газа ако до сабота не бидат ослободени израелските заложници.