Еврогрупата ја поддржува амбицијата на Бугарија за остварување на целта за воведување на еврото како замена за левот, кога за тоа ќе дојде време, порача ирскиот министер за финансии и претседавач на Еврогрупата, Паскал Донохју. Libertas
Донохју додаде дека откако Бугарија ќе оцени дека е подготвена да поднесе барање за прием во Еврозоната, институциите ќе треба да проценат дали се исполнети сите критериуми за да се гарантира успешна интеграција на земјата во Зоната на еврото.
Еврокомесарот за економија, продуктивност, имплементација и поедноставување на правото на ЕУ, Валдис Домбровскис оцени дека Бугарија постигнала дополнителен напредок кон исполнување на критериумот за стабилност на цените, кој беше единствениот што не го исполни според извештајот за конвергенција за 2024 година. Nezavisen