Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека Киев ќе работи брзо на изготвување на силен договор за инвестиции и безбедност со САД, нагласувајќи дека средбата со специјалниот пратеник на Вашингтон за Украина и Русија, Кит Келог, „ја вратила надежта“ за успех.
Американскиот претседател Доналд Трамп во своите најнови изјави даде најнепријателски коментари за Украина досега, нанесувајќи и нов удар на земјата и нов поттик на рускиот претседател Владимир Путин, оценува Си-Ен-Ен. Откако го исклучи украинскиот претседател Володимир Зеленски од првите разговори меѓу САД и Русија за завршување на војната, одржани во Ријад во вторникот, Трамп ја обвини Украина за започнување на конфликт што ја опустоши нејзината земја и уби илјадници нејзини луѓе, објави американската телевизија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешната прес-конференција изјави дека неговата земја се надева на „сојузничка позиција во Европа, ЕУ и САД“ во, како што ја нарече, „неправедната војна“ против Украина, јави Би-Би-Си. – Не е лесно, но Кијив работи на тоа, изјави Зеленски, додавајќи дека Украина се обидува да организира средби, без да открие детали за учесниците.
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски да не го критикува јавно претседателот на САД, Доналд Трамп, зашто, како што вели, таквите забелешки се контрапродуктивни и потенцијално би им наштетиле на односите Киев-Вашингтон.