Хагари денеска изјави дека киднаперите од палестинската милитантна група Хамас ги убиле децата Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“ . Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари денеска изјави дека киднаперите од палестинската милитантна група Хамас ги убиле децата Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“ неколку недели по нивното киднапирање на 7 октомври 2023 година, во јужен Израел, чии тела му беа предадени на Израел во четвртокот.
Едно од четирите тела што вчера беа вратени од Газа во Израел не е на заложникот Шири Бибас, како што тврдеше Хамас, соопшти израелската војска, пренесува Би-би-си. Веста дека Шири Бибас (33) и нејзините синови Ариел и Кфир, кои сега би имале пет и две години, се мртви, предизвика бран тага во Израел.
Палестинската милитантна група Хамас денеска ги предаде телата на четворица израелски заложници на Црвениот крст во Појасот Газа.
Официјален претставник на Хамас денеска изјави дека телото на заложничката Шири Бибас, што утринава беше предадено на Израел, најверојатно по грешка било идентификувано со телата на другите заложници кои загинале под урнатините во Појасот Газа.