За функцијата нов лидер на Германија се борат четворица кандидати: актуелниот канцелар Олаф Шолц од Социјалдемократската партија (СПД), Фридрих Мерц, кандидатот на главната конзервативна Христијанско-демократска унија (ЦДУ), актуелниот вицеканцелар Роберт Хабек од еколошката Зелена партија и Алис Вајдел од крајната десничарска, антиимигрантска Алтернатива за Германија (АфД). Според анкетата на институтот за истражување на јавното мислење „Југов“ (YouGov), конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и нејзиниот лидер и кандидат за канцелар Фридрих Мерц може да сметаат на 29% од гласовите, што е 2 процентни поени повеќе од почетокот на оваа недела. Plusinfo