Италијанската премиерка Џорџа Мелони синоќа изјави дека САД и Европа ќе останат блиски, во време кога приближувањето меѓу Вашингтон и Москва под водство на Доналд Трамп го загрижува Киев и многу земји на стариот континент.
Нашите противници се надеваат дека претседателот Трамп ќе се дистанцира од нас, но знаејќи го како силен и ефективен лидер, се обложувам дека оние што се надеваат на поделба ќе згрешат, рече Мелони, говорејќи на англиски преку видео врска на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (ЦПАЦ) која се одржа во Националниот конгресен центар Гејлорд во близина на Вашингтон.