Израел и Хамас постигнаа договор за размена на телата на четворица заложници за ослободување на стотици палестински затвореници, изјави израелски извор за Си-Ен-Ен, што укажува дека кревкиот прекин на огнот во Газа засега останува недопрен. Civilmedia
Палестинското вооружено движење Хамас доцна во вторникот објави дека постигнал договор со Израел за истовремено ослободување на повеќе од 600 палестински затвореници и враќање на телата на четворица израелски заложници.
„Решението е ослободување на палестинските затвореници истовремено со телата на израелските заложници убиени во првата фаза од прекинот на огнот“, соопшти исламистичката милитантна група. Netpress