Фридрих Мерц, лидер на коалицијата на германските конзервативни партии ЦДУ и ЦСУ, кои освоија најмногу гласови на парламентарните избори вчера, денеска изјави дека сака да формира коалициска влада со Социјалдемократите (СПД), кои се трети по бројот на гласови.
Светските лидери му честитаа на лидерот на конзервативната опозициска демохристијанска партија ЦДУ/ЦСУ, Фридрих Мерц, за победата на предвремените парламентарни избори во Германија, додека некои и честитаа на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), која се најде на второто место.
Лидерот на германската конзервативна опозиција, Фридрих Мерц, чиј централно-десничарски блок победи на изборите во неделата, изјави дека е неопходно што поскоро да се формира нова влада преку брзи коалициски преговори, јави ДПА.
Конзервативецот Фридрих Мерц, чија коалиција ЦДУ/ЦСУ победи на парламентарните избори во Германија, вчера веднаш по победата изрази сомнеж за тоа дали НАТО ќе опстане во својата „сегашна форма“ до самитот во јуни, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Европа мора да воспостави независни одбранбени капацитети.