Како што соопшти ЕК, оваа посета без преседан, која е една од првите на Колеџот на комесари во првите сто дена од неговиот мандат, го истакнува „силниот моментум во односите ЕУ-Индија“.
Според најавите, покрај билатералните средби на Фон дер Лајен со Моди и на еврокомесарите со соодветните индиски ресорни министри, во Њу Делхи ќе се одржи и заедничка седница на Европската комисија и Владата на Индија. Biznisvesti