Чешките земјоделци со стотици трактори и комбајни денеска два часа ги блокираа граничните премини, каде што се сретнаа со земјоделците од соседните земји во знак на протест против увозот на земјоделски производи од земјите надвор од Европската унија, пред се од Јужна Америка и Украина, но и од САД. Biznisvesti
Не сакаме да ја ограничиме слободната трговија, но сметаме дека договорот е неправеден, рече Мартин Пиха, претседател на Сојузот на земјоделци на Чешка, кој го организираше протестот со Земјоделската комора.
Денешниот протест на европските земјоделци како едно од главните барања го има увозот од земји надвор од ЕУ, исто така, да ги почитува строгите стандарди за производство и употреба на пестициди, додатоци и лекови, како што се хормоните за раст, кои важат во Унијата, а кои генерално не ги исполнуваат производите од Украина, земјите од Латинска Америка, но и од САД. Kanal5