НАТО ја дава најдобрата безбедносна гаранција за Украина, изјави високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, директно спротивставувајќи се на позицијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
НАТО ја дава најдобрата безбедносна гаранција за Украина, изјави високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, директно спротивставувајќи се на позицијата на американскиот претседател Доналд Трамп . Калас во Вашингтон изјави дека Европејците нема да можат да придонесат за евентуален договор за Украина доколку не бидат поканети на преговарачка маса, додека Трамп директно ќе преговара со рускиот претседател Владимир Путин, пренесоа француските медиуми.